Една од поиритантните карактеристики, кога ќе вчитате некој сајт е кога видео или аудио клиповите се активираат автоматски (посебно доколку звукот е гласен). Поради тоа, Google ја претстави функцијата која на корисниците им овозможува да ги пригушат табовите во Chrome.

За оние на кои оваа функција можеби досега им беше незгодна, стигнува убава вест дека
Google овој процес ќе го направи значително полесен. Оваа информација е откриена на Reddit, благодарение на закрпата која е аплоадирана на Chromium Gerrit.

Според наводите од ажурирањето, Chrome наскоро ќе им овозможи на корисниците да ги пригушат табовите со клик на иконата на звучникот во табот. Оваа икона се користи за означување дека сајтот имам звук што се репродуцира. Интересно е дека Google во еден момент ја имал активна оваа функција, но од некоја причина ја отстрани.

Моментно корисниците кои сакаат да пригушет некој таб, мораат да направат десен клик на табот и да ја кликнат “Mute Site” опцијата. Кликот само на иконата во работ значително ќе го забрза процесот. Засега не е познато кога оваа опција ќе им стане достапна на корисниците.