Huawei досега претстави два флексибилни телефони – Mate X и Mate Xs. Двата модела пристигнуваат со екрани кои се отвораат/свиткуваат кон надвор. Меѓутоа, изгледа дека Mate X2 ќе биде поинаков и ќе има дисплеј што се свиткува навнатре.

Овие информации ги објави аналитичарот Рос Јанг, а во одговор на твитот кој го објави @evleaks, Јанг тврди дека Mate X2 ќе го има споменатиот екран, кој Huawei ќе го набавува од компаниите Samsung и BOE. Покрај тоа, се истакнува дека дисплејот нема да биде UTG, туку CPI.

Не е прв пат да се појават информации за тоа дека Huawei подготвува флекисбилен телефон со екран кој се свиткува кон внатрешниот дел. Кинеската компанија за овој дизајн веќе поднесе патентно барање во јануари кај EUIPO организацијата.

Скиците кои ги покажува EUIPО листингот откриваат флексибилен уред со слот за паметно пенкалце и вкупно шест камери (четири на задната страна и две од предната).