Основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, проценува дека вакцината против опасниот коронавирус за богатите ќе биде готова до крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година.

Гејтс вели дека сиромашните луѓе ваквата вакцина ќе биде достапна во подоцнежниот период и дека тие ќе треба да почекаат малку повеќе за разлика од оние со подлабок џеб.

„Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцината се импресивни. Поради тоа, сметам дека во богатиот свет можеме да ја завршиме пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот на светот до крајот на 2022“, изјавил Бил Гејтс, а пренесува американскиот интернет-портал CNET.

Гејтс финансира медицинско истражување и програма за вакцини преку својата Фондација „Бил и Мелинда Гејтс“. Тој е свесен дека пандемијата ги вратила земјите во светот години наназад кога станува збор за економскиот раст, борбата против ХИВ и маларијата, пишува Ivestitor.me.

Гејтс го критикува американскиот систем на тестирање на коронавирус, како и начинот на кој американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата администрација се справувват со целата ситуација. Отворено зборуваше дека големиот број случаи на коронавирус во САД е резултат на недоволното тестирање и следење на контактите, како и неносењето заштитни маски.

Гејтс верува дека вакцината ќе биде развиена, но дека поради разните проблеми, вкличително и производството, таа ќе може да им помогне само на богатите земји.