Заштитните маски за лице станаа задолжителни во многу земји низ светот, поради пандемијата на коронавирусот. Веројатно беше само прашање на време кога некој ќе создаде и паметна верзија, со можност за поврзување на интернет.

Јапонската компанија Donut Robotics разви паметна маска која доаѓа со низа функции, но самата маска нема никаква заштитна функција бидејќи е замислено да се користи преку стандардна маска за лице.

Паметната маска се поврзува со мобилен телефон преку Bluetooth, со функција да преведе зборови на најмалку 8 различни јазици.

Извор: B92.net