Официјалната Weibo страница на Honor брендот потври дека Honor 30 Lite, чија објава се очекува во четврток, ќе поддржува 90Hz освежување на екранот, со 180Hz touch sample. Телефонот би требало да биде добра опција за оние кои сакаат буџетски гејминг смартфон, а тука е и поддршката за 5G.

Уште еден корисник на Weibo објави фотографии од Honor 30 Lite во четири различни бои. Се очекува дека овие варијанти ќе ги носат имињата Summer Rainbow, Mirage Silver, Wizard of Oz и Night Black.

Honor 30 Lite ќе биде претставен на 2. јули, а уредот неодамна беше забележан и на TENAA листингот. Смартфонот поддржува dual-5G конекција, а ќе биде достапен со 4GB, 6GB или 8GB RAM и 64GB, 128GB и 256GB простор за складирање.

На задната страна се наоѓа систем со три камери, кои го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP и 2MP сензори. Тука е и 16MP селфи камера, сместена во засекот на 6,5-инчниот LCD екран.