Постоеја гласини дека претстојната Mate 40 серија телефони на Huawei би можела да пристигне со предна камера сместена под екранот, а која ја развива Visionox. Меѓутоа, овие гласини сега ги отфрла дојавувачот Digital Chat Station.

Според наводите на популарниот дојавувач, тој во живо имал прилика да види инженерски примерок на Mate 40 смартфонот. На тој модел, селфи камерата не е присутна под дисплејот. Digital Chat Station не прецизира дали уредот ќе користи стандарден засек или punch-hole дизајн за селфи камерата.

Информациите на дојавувачот не претставуваат изненадување, со оглед на тоа дека решението на компанијата Visionox стигна малку доцна во споредва со процесот на развој на Huawei Mate 40 линијата.