Не е тајна дека Xiaomi планира објава на телефон со селфи камера под екранот, но многумина не очекуваа дека тоа ќе се случи толку брзо. Според новите информации, смартфонот на Xioami со споменатиот дизајн се очекува помеѓу октомври и ноември.

Самиот телефон изгледа многу препознатливо, а како што е можно да се види во ова видео на Twitter, уредот е идентичен на неодамна претставениот Mi 10 Ultra модел. Се очекува дека ова би можел да биде  Xiaomi Mi 10 Ultra, но со камера под дисплејот.

Интересно е дека лицето кое го користи телефонот во видеото не ја вклучува селфи камерата, а можно е дека за тоа постојат неколку причини. Прво, лицето кое го креирало видеото сака да остане анонимно. Второ, и натаму во прашање е прототип на телефон и можно е дека не функционира се правилно.

На крајот, постои можност дека во прашање е лажен уред, иако не постојат јасни индикации дека се работи за едитирано видео. Повеќе детали за потенцијалниот Xiaomi Mi 10 Ultra модел со камера под екранот не очекуваат во текот на следните месеци.