Amazon објави дека ќе ја купи Zoox, стартап компанија за автономни возила, за милијарда долари, со цел развој на автомобили без возачи, пренесува TechCrunch.

Според објавата на Amazon, Zoox и понатаму ќе продолжи да постои како независна компанија, каде што на позицијата извршен директор и генерален технички директор ќе останат Аиша Еванс и Џеси Левинсон, како што беше порано. Мисијата на компанијата, исто така, ќе остане иста.

Во извештаите се вели дека Amazon ќе го искористи договорот со Zoox за да започне автономни испораки и да создаде возен парк за услужни возења, слични на такси, што може да се спореди со договорот кој Volvo неодамна го направи со Waymo.

Компанијата Zoox сака да ги направи своите автомобили заедно со хардвер и софтвер за автономно возење.

Со финансиска помош на Amazon, Zoox ќе има се што е потребно за да остане во чекор со својот главен ривал, Waymo.

Amazon работи на сопствени проекти за автономна технологија, вклучувајќи и роботи за испорака, кои се дизајнирани да носат мали пакувања до домовите на клиентите.

Стекнувањето на Zoox е специјално насочено кон помагање на стартапот „да ја реализира својата визија за автономно возење“, како што велат од Amazon.