Сензорите за отпечатоци од прсти се достапни во текот на последните две години, а Vivo X20 Plus UD прв ја имплементираше оваа технологија во јануари 2018. година. Оттогаш, оваа функција ја прифатија бројни производители. Меѓутоа, функцијата има и голем недостаток – не може да се користи во LCD екраните, поради структурата на овие панели.

Сега Лу Веибинг, менаџер на Redmi брендот, објави дека компанијата успешно успеала да го имплементира читачот на отпечатоци од прсти под LCD екранот, а дури е демонстрирано како ова функционира на Redmi Note 8 Pro прототип.

Најголемиот проблем со LCD екраните е модулот за заднинско осветлување, кој му пречи на оптичкиот сензор за отпечатоци. Меѓутоа, одделението за истражување и развој на компанијата Redmi успе да го надмине овие потешкотии и сега работи на тоа функцијата да влезе во масовно производство.

Не е објавено кој уред ќе биде првиот што ќе ја имплементуира новата технологија, но би можеле да ја видиме на Redmi телефоните во текот на 2020. година.