По објавата на X3 SuperZoom моделот, Realme сега го официјализира и стандардниот Realme X3 модел. Телефонот нема перископ камера модул, а наместо тоа ја имплменетира стандардната 12MP теелфото камера.

Уште една разлика, во однос на X3 SuperZoom е во рамките на секторот на селфи камерата, па така X3 има 16MP главна предна камера и 8MP ултраширок сензор, кои се сместени во punch-hole отвор. Со исклучок на камерите и конфигурацијата на меморијата, стандардниот X3 е идентичен на SuperZoom моделот.

Од предната страна, Realme X3 има 6,6 инчен FHD+ IPS LCD екран од десната страна на рамката. На задната страна се наоѓа главната камера од 64MP, заедно со 8MP ултраширок сензор, 2MP модул и новиот 12MP телефото сензор, способен за 2x оптичко зумирање.

Минатогодишниот Snapdragon 855+ чипсет го покренува телефонот, во комбинација со 6GB/8GB RAM и 128GB UFS 3.0 простор за складирање. Оперативниот систем е Android 10 со Realme UI, а уредот го напојува 4200mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење.