iPhone моделите поддржуваат брзо полнење, но компанијата не вклучува брзи полначи со своите телефони. Наместо тоа, од корисниците се очекува да купуваат засебен полнач, заедно со USB-C to Lightning кабел.

Сепак, добра вест е дека со iPhone 12 линијата телефони, Apple би можел да нуди помоќен и побрз адаптер. Ова во твит го сугерира Mr White, кој тврди дека iPhone 12 би можел да пристигне со 20W адаптер. Само за споредба, iPhone 11 пристигнува со 5W полнач, додека iPhone 11 Pro има 18W адаптер.

Засега не е познато дали целосната iPhone 12 линија ќе добие 20W полнач, или ќе биде само наменет за премиум моделите во рамките на претстојната линија.

Додавањето на посилен адаптер има смисла, доколку се земат во обзир информациите за тоа дека iPhone 12 ќе го поддржува 5G, кој значајно повеќе ја троши батеријата.