Sony минатиот септември го претстави Xperia 5 телефонот, а компанијата наскоро ќе објави Plus варијанта на уредот, за кој само што се појавија CAD рендери.

Xperia 5 Plus има дизајн кој потсетува на стандардниот модел, но со поголем 6,6-инчен OLED екран и потенки рамки од горната и долната страна. Телефонот, исто така, има два предни звучника и тенок е 8,1 милиметри (9,3 со испакнатина за камерата).

Како стандардниот модел, Xperia 5 Plus има копче за вклучување од десната страна, а во него е имплементиран и сензор за отпечаток од прст. Од левата страна се наоѓа слот за SIM картички, додека на дното е сместен USB-C порт. Xperia 5 немаше 3,5 мм приклучок, но Plus варијантата пристигнува со оваа карактеристика.

Кога се во прашање камерите, телефонот има 8MP сензор од предната страна и четири камери на задниот дел (од кои една е ToF сензор). Остатокот на карактеристиките на Sony Xperia 5 Plus засега е непознат, но можно е дека ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет.