Huawei објави дека на 14. февруари ќе претстави нов телефон, под името Nova 7i. Всушност, ова не е целосно нов смартфон, туку ребрендиран Nova 6 SE модел, кој во Кина беше претставен минатиот месец. Nova 7i ќе биде наменет за пазарите надвор од Кина.

Huawei Nova 7i има Kirin 810 чипсет, со 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Ќе користи Android 10-заснован EMUI 10 интерфејс, но нема да се испорачува со поддршка за сервисите на Google.

Nova 7i поседува 6.4-инчен FHD+ LCD екран, со punch-hole отвор за 16MP селфи камера. На задната страна се наоѓа систем со четири камери, кои го сочинуваат 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP depth камера.

Телефонот ќе има сензор за отпечаток од прст на бочната страна, додека батеријата од 4200mAh има поддршка за 40W брзо полнење и овозможува батеријата за половина час да се наполни до 7о проценти.

Цената на телефонот не е објавена, но во Kina, Nova 6 SE моделот се продава за околу 320 долари.