Компанијата HTC објави две нови промотивни видеа, кои се фокусираат на некои од функциите на неодамна објавениот HTC U11. Двете видеа нудат подобрувања во однос на претходните рекламни обиди.

Видеото со име “Squeeze to capture your brilliant moments”, прикажува како Edge Sense може да се користи за активирање на блендата на предната камера. А со IP67 сертификација, можно е да се скокне во базен и да се сними акцијата.

Второто видео наречено “Made to be heard” се фокусира на звукот на HTC U11. Со USonic слушалките, звукот е специфично подесен за увото на корисникот. Тука се и Active Noise Cancellation и Acoustic Zoom за дополнително уживање.