Како би можел да изгледа екстериерот на новата генерација Lada Granta 2021?

Според неофицијални податоци, за една до две години АвтоВАЗ ќе претстави нова генерација Lada Granta. Автомобилот ќе биде проектиран на платформата Global Access (поранешна В0). Сајтот Лада.Онлайн во соработка со дизајнерите изнесе претпоставка како би можел да изгледа екстериерот на новата генерација Lada Granta 2021. Проектот го реализираше независниот дизајнер Иван Десјатниченко.

View this post on Instagram

Какой может быть новое поколение Lada Granta – рендеры дизайнеров По неофициальной информации через 1-2 года АвтоВАЗ представит новое поколение Lada Granta. Автомобиль будет построен на платформе Global Access (она же бывшая В0). Сайт Лада.Онлайн совместно с дизайнерами представили, каким может получиться экстерьер и интерьер нового поколения Lada Granta 2021. В конце 2019 года источники на заводе сообщали, что инженеры сделали предварительную модель нового поколения Гранты в пластилине и в 3D. Можно предположить, что каркас кузова будет взят от нынешнего Renault Logan. Следовательно новая Гранта станет больше по габаритам, чем нынешнее поколение. При создании рендера учитывали фирменный ИКС-стиль, который сейчас продвигает АвтоВАЗ во всех своих моделях (представлен вариант с выштамповками на боках и без них). А идея с фарами позаимствована у концепта Lada XCODE, который был показан на ММАС-2016. Рендер Ивана Десятниченко @desive_art А вам нравится такая новая Гранта? Какой вариант лучше: с иксами на дверях или без?

A post shared by Лада.Онлайн (@lada.online) on

Кон крајот на 2019 година извори од фабриката соопштија дека инженерите направиле прелиминарен модел на новата генерација „Гранта“ во пластелин и 3D-анимација. Може да се претпостави дека основата на каросеријата ќе биде преземена од моделот Renault Logan. Со самото тоа, новата „Гранта“ ќе биде поголема според габаритите од сегашниот модел.

При изработката на скицата во предвид е земен ИКС-стилот на компанијата кој АвтоВАЗ денес го форсира кај сите свои модели (прикажана е варијанта со вдлабнувања на бочните страни и без нив). А идејата со фаровите е позајмена од концептот Lada XCODE кој 2016 година беше претставен на Московскиот меѓународен саем на автомобили.

Извор: Russia Beyond