Коронавирусот од лилјаците преминал на глувците, па на луѓето?

Глувците кои што се продаваат на пазарите и во рестораните во југоисточна Азија се носители на многубројни коронавируси, покажало најновото истражување кое го спровеле научниците.

Бројот на заразени луѓе се зголемил откако глодари стигнале во чиниите на луѓето, додека во меѓувреме во себе имале некаков вирус.

Новооткриените соеви се разликуваат од оние кај Ковид-19 и не се опасни по луѓето, а научниците веќе подолго време предупредуваат дека глодарите би можеле да бидат главен извор на зараза.

Мешањето на различни видови коронавируси укажува на тоа дека консумирањето на дивите животни може да биде голем ризик за зараза, покажало истражувањето на американските и виетнамските научници.

Многумина сметаат дека главната причина за пандемијата е токму трговијата со дивите животни и дека болеста првенствено се јавува кај лилјаците, а потоа преку нив се пренесува на луѓето, па на другите животни.

Истражувањето било спроведено во соработка со експерти за здравје и животни од Виетнам кои што ја разгледуваат можноста за забрана на трговија и консумирање на диви животни.

Извор: Telegraf.rs