Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Михаило Зографски, директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар потпишаа договор за пробно користење на автобус на гас, Мерцедес во градскиот превоз.

„Скопје заслужува автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните коишто го користат. Станува збор за  енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас “, рече Шилегов.

Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус ќе троши речиси 50 проценти помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. А најголема предност на овој автобус е тоа што емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадува воздухот.