Многумина очекуваат Apple во текот на својата WWDC 2020 коференција, која почнува денеска да го објави преминот на процесори засновани на ARM технологија на своите Mac компјутери. Аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека првите ARM Mac компјутери би можеле да бидат 13-инчниот MacBook Pro и редизајнираниот 24-инчен iMac. Тој исто така сугерира дека овие компјутери ќе се појават во текот на есента, иако предупредува дека објавата би можела да биде поместена и на првото тримесечје од 2021. година.

Куо истакнува дека новите Mac уреди ќе бидат за 50 до 100 проценти побрзи од компјутерите со Intel процесори. Bloomberg претходно објави извештај во кој го споменува првиот ARM модел на компанијата, кој ќе користи 12-јадрен процесор. Аналитичарот споменува дека целосно новиот MacBook ќе пристигне кон средината на 2021. година, но не прецизираше дали тоа ќе биде наводниот 12-инчен ARM заснован MacBook.

Секако, не постојат гаранции дека се ќе се обистини како што прогнозира Куп. На ова големо влијание ќе има и развојот на ситуацијата со пандемијата, што може да влијае на одложување на споменатите објави.