Новиот патент кој протече на интернеѕ прикжува нов начин на гледање на поставката на камерите кај паметните телефони. Целта очигледно е да се има што поголем број камери, па Samsung во овој патент ги постави шест. Тоа би бил рекорд, бидејќи Nokia 9 смартфонот минатата година донесе дури пет камери на својата задна страна.

Според достапните информации, овој патент е поднесен уште минатата година, а се вика „апарат и метод за управување со модул со повеќе камери во дигиталната фотографија“. Патентот се простира на 55 страници. Според тоа, може да се заклучи дека компанијата експериментира со модули кои имаат пет широкоаголни објективи и еден телефото објектив, како и со други варијации.

Она што е тука интересно е што секој од тие објективи има засебна можност на поместување, која овозможува стабилизација независна од останатите објективи. На тој начин и со паметна употреба на софтверските алгоритми се очекува дека може да се направи драстично подобар квалитет на фотографиите.