Компанијата Asus го претстави Zephyrus S, својот нов лаптоп за гејмери. Се работи за лаптот кој е и најтенкиот ваков уред произведен од компанијата, а во понудата ќе бидат вклучени два модели.

Првиот ќе чини 2.199 долари, а поседува GTX 1070 Max Q графичка картичка, Core i7 процесор, 16 GB RAM-a, 15,6-инчен 114Hz Full HD екран и 512 GBM NVMe меморија.

Втората верзија со истата конфигурација ќе чини 2.099 долари, но ќе има GTX 1060 графичка картичка и HDD од 1 TB.

Во поглед на претходните модели Zephyrus и Zephyrus M нема многу естетски промени, а меѓу нив се потенките ивици и куќиштето, помалиот рам и десно позицинираниот touchpad. Куќиштето е направено од магнезиум, алуминуим и пластика.