За вселенскиот туризам одамна се мечтае, па уште првите научно-фантастични серии ги мотивираа граѓаните да сонуваат за бегство од родната планета. Сега овие соништа се поблиску до реалноста, па компаниите како што е SpaceX веќе работат на програми, кои обичните граѓани еден ден ќе ги однесат на пат кон вселената. Тука се и некои поинакви решенија, како балони со кабина која има бар и тоалет, а се работи за идеја зад која стои еден стартап, кој се занимава со патувања во вселената.

Балонот го понесе името Spaceship Neptune, а за него е одговорна компанијата Space Perspective. Леталото ќе може да понесе до осум патници на вселенските патувања, а летовите ќе траат по шест часа. Кабината на височина од околу 48 километри ќе се искачува со помош на балон, кој е наполнет со водорот, за по завршената тура полека да се спушти во Атлантскиот океан, каде патниците ќе ги сочека брод.

Првите тест летови се очекуваат веќе во 2021. година, а летовите со патници во следните три години. Цените на билетите се уште не се познати, но се очекува да изнесуваат околу 125.000 долари по патник, што е половина од сумата што ќе се издвојува за патувања со ракети, кои ќе одат до височина од околу 80 километри. Патниците кои ќе се качат на Spaceship Neptune нема да ја искусат бестежинската состојба, а меѓу понудите ќе се најде и егзотичната локација за венчавање, бидејќи Neptune веќе го опишуваат како „најдобро место за склопување брак“.