Новата генерација на напредни гејминг конзоли ќе водат огромна борба за секој корисник, а компаниите веќе претставија дел од своите адути.

Кога станува збор за новиот PlayStation 5, стратегијата на Sony се ексклузивните игри, додека пак Xbox прикажа помалку игри, но затоа е опремен со подобар хардвер кој ќе нуди подобро гејминг искуство.

Сепак, Microsoft има уште еден адут, а тоа е олеснувањето кое гејмерите ќе го добијат при преминот на новиот систем за играње. Во рамките на мисијата на корисниците да им биде овозможен што е можно поширок пристап до игри, Microsoft со Smart Deliveryопрцијата за меѓугенерациска надградба овозможи целосно бесплатен премин на Xbox Series X на оние кои го купиле Xbox One.

Smart Delivery овозможува, на пример, ако купите игра за Xbox One, а истата подоцна се појави и на новата серија Xbox Series X, да не морате да ја купите повторно. Со опцијата едноставно ќе можете да ја преземете во дигитален формат на новата конзола.

Тоа значи дека ако во ноември ја купите Cyberpunk 2077 за Xbox One, а пред Нова година го купите Xbox Series X, играта бесплатно ќе можете да ја префрлите на вашата нова конзола.

Извор: Mondo.rs