Пред точно 10 години, беше најавена првата јавна бета верзија на Android оперативниот систем (за програмери). Во тоа време, Nokia беше апсолутен владетел на пазарот за смартфони и воопшто на пазарот за телефони, со пазарен удел од околу 35% (што во денешно време го нема ниту еден производител), а силни беа и BlackBerry и Motorola.

Android OS, како што во тоа време беше името на новиот оперативен систем за смартфони, беше сосема поинаков од Symbian, Windows Mobile, ригидниот, но безбеден BlackBerry… Сите тие беа толку самоуверени и арогантни што не ни погледнаа што има Android OS да понуди, па не го видоа неговиот потенцијал. Тоа, ги чинеше сè што некогаш имаа.

Од друга страна, Apple во тоа време го најави првиот iPhone, a Apple како Apple – имаше кец во ракавот – производ кој е во состојба да ја промени индустријата на смарфони. Тоа го знаеше Стив Џобс, како и купувачите.

Пред 10 години, Nokia ја направи својата најголема грешка – го потцени Android OS и му кажа „не”.

Да потсетиме на официјалните изјави на Nokia, но и на други релевантни компании во тоа време.

„Не го гледаме ова како закана” – Nokia.

„Навистина звучи како да собираат куп луѓе заеднички да работат на нов телефон, а тоа е нешто што ние го правиме веќе пет години. Не разбирам какво влијание можат да извршат на сите нас” – Скот Хорн, Windows Mobile.

„Го сфаќаме ова сериозно, но ние сме тие кои ги имаат вистинските телефони, вистинските платформи за телефони и голем број на корисници за кои ги создававме” – Symbian конзорциумот.

„Со Google сме во одлични односи и ова не менува ништо. Тие секако се многу важен партнер за нашиот iPhone” – Apple.

Деценија подоцна, Nokia умре. Microsoft повеќе не го форсира својот оперативен систем, BlackBerry e на „стероиди”, а Motorola умираше, па се враќаше… Исклучок е единствено Apple, кој е и понатаму тука, најмоќен до сега.

ИЗВОР: Mondo.rs