NextImageAwards  на Huawei е еден од највозбудливите и реномирани глобални натпревари за љубителите на мобилна фотографија и видеографија. Македонските фанови на Huawei се активни учесници на овој натпревар секоја година, па така и оваа, можат да учествуваат на глобалниот натпревар директно преку веб-страницата на кампањата.

Сите оние кои ќе се пријават, покрај престижното учество на глобалното натпреварување, имаат шанса да освојат и една од паричните или други награди.

Шестчлено глобално жири со двајца претставници на Huawei и четворица реномирани фотографи од САД, Русија, Шведска и Канада ќе изберат вкупно 71 добитник, вклучувајќи три Гран-При награди од 10.000 американски долари, Huawei P40 Pro и електронски сертификат. Целосниот список на награди и информации за жирито може да се најде на веб-страницата на конкурсот.

Крајниот рок за учество е од 15 јуни до 31 јули, во следните 6 категории:

  • Near Far, категорија во која можете да ја искажете својата перспектива за скриените места околу вас;
  • Good Night, кадеќе го фатите моментот при слаба осветленост;
  • Hello, Life!,каде ќе споделите емоции и инспирација од секојдневниот живот;
  • Faces, во којаќе се изрази идентитетот преку моќта на портретската фотографија;
  • Live Moments– категоријата за видео-уметници кои можат да учествуваат со дела од 10 секунди до 10 минути.
  • Storyteller– приказна раскажана во 3-9 слики.

Сите снимки мора да бидат направени со паметен телефон Huawei, а секој учесник има право да испраќа најмногу 30 дела, следејќи ги упатствата на страницата: gallery.consumer.huawei.com.

За почетна инспирација, погледнете го промо видеото на конкурсот.

Huawei посакува секое од вашите дела да раскаже позитивна приказна од незаборавното лето.