А како и секогаш кога новиот модел на паметен телефон ќе стигне на пазарот, на YouTube се појавуваат голем број прикази, тестови и „unboxing” видеа.

Екипата на iFixit го расклопи новиот iPhone XR, а внатрешноста го докажува сродството со iPhone X моделите, додека изгледот на батеријата со iPhone 8. Батеријата е поголема од моделите XS и iPhone 8 Plus, а помала од онаа кај iPhone XS Max.

Како изгледаат останатите компоненти на уредот, можете да погледнете во видеото.