Првите резултати од испитувањето на вакцината против коронавирус, што ја разви компанијата „CureVac“ со седиште во Германија, се очекуваат за два месеца, јавува германскиот сајт „Фокус онлајн“.

Биофармацевтската компанија соопшти оваа недела дека првите значајни резултати би можеле да бидат достапни во септември или октомври и дека, доколку условите се поволни, вакцината би можела да биде одобрена до средината на следната година, пренесува „Ројтерс“.

Неодамна беше објавено дека компанијата „CureVac“ доби одобрение за клиничко тестирање на својот кандидат за вакцина против коронавирус.

„CureVac“ работи на таканаречената mRNA- вакцина, која ги поттикнува човечките клетки да произведат протеин што би го отфрлил коронавирусот.