Google конечно официјално ја претстави новата генерација Pixel Buds безжични слушалки, кои во САД ќе се продаваат по цена од 179 долари. 

Патот на Google Pixel Buds 2 безжичните слушалки на пазарот беше трнлив од кога беа најавени во октомври минатата година. Во меѓувреме веќе се појавија гласини за неговиот наследник, Google Pixel Buds 3. Дека нешто се случува во однос на претствувањето на Pixel Buds 2 откри новата бесплатна апликација Google Pixel Buds на Play Store, што сугерираше дека се ближи денот на официјалното претставување на слушалките, што на крајот и се случи.

Апликацијата овозможува спојување помеѓу претставените слушалки и паметни телефони (за поврзување е доволно да се притисне посебно копче за спарување на слушалките и да се потврди спарувањето на паметниот телефон). Донесува нови функции кои се врзуваат за  Pixel Buds 2, како што е прилагодлив звук, спарување со Google Assistent, функција на лоцирање на слушалките, гласовни нотификации и преглед на процентот на батеријата на слушалките.

Апликацијата доаѓа прединсталирана во најновите модели на Pixel смартфоните, каде е присутна во рамките на опциите за управување со Bluetooth.

Самите слушалки имаат автономија од пет часа при репридукција на содржини и 2,5 часа при извршување повици, а само 10 минути во кутијата за слушалки е доволно за додадени два часа репродукција на содржини и еден час разговор.

На пазарот ќе се појави со цена од 179 долари, најпрвин во Clearly White изданието, а потоа и во останатите бои како што се Oh So Orange, Quite Mint и Almost Black. Точниот датум на пристигнување на овие слушалки на европскиот пазар засега не е познат (засега се официјално претставени само во САД). Првата генерација на Pixel Buds слушалките беше претставена во октомври, 2017. година.