Realme X3 SuperZoom беше претставен во Европа минатиот месец. Потоа, Realme X3 и Realme X3 Pro беа забележани на различни листинзи за сертификација. Сега кинеската компанија го објави официјалниот тизер, кој го навестува доаѓањето на Realme X3 линијата.
Realme на Twitter ја навести објавата на телефонот, а објавата на стандардниот модел се очекува заедно со Realme X3 SuperZoom во Индија. Извештаите сугерираат дека смартфонот ќе биде претставен на 26. јуни.
Destined to get closer to the Xceptional, Xquisite & Xtraordinary, #realmeX3 is on its way.
Coming soon. pic.twitter.com/a9ZMnNVoMb— realme (@realmemobiles) June 15, 2020
Се очекува дека Realme X3 ќе дели најголем дел од карактеристиките со X3 SuperZoom моделот. Телефонот би требало да има 6.6-инчен IPS LCD панел, со 120Hz освежување. Би можел да користи Snapdragon 855+ чипсет, во комбинација со 6GB, 8GB или 12GB RAM, 64GB, 128GB или 256GB простор за складирање.
На задната страна се очекува 64MP главен камера сензор, креиран од Samsung, а го следат 8MP секундарен сензор, 12MP телефото и 2MP макро камера.
Поврзани артикли