Samsung допрва треба официјално да го претстави својот Galaxy S21 FE (Fan Edition), кој се очекува на почетокот на следната година.

Сепак, тоа не го спречи италијанскиот YouTube канал HDblog да го отпакува смартфонот и да ни го покаже неговиот дизајн.

Ова ќе биде четврти модел од S21 линијата на Samsung, а целта на S21 FE моделот е да понуди премиум функции по поприфатлива цена.

Galaxy S21 FE ќе има 6,4-инчен Dynamic AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz.

Телефонот од видеото работи со Snapdragon 888 чипсет и доаѓа со 6GB LDDR5 RAM меморија и 128GB простор за складирање UFS 3.1.

Уредот ќе го напојува батерија од 4500 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W. Гласините го спомнуваат и IP67 сертификатот за отпорност на вода и прашина.