Новиот chatbot, направен за забава, е трениран со внимателно одбрани глупави текстови, па ги дава тие одговори кога ќе го прашате нешто.

Поплавата од нови системи за вештачка интелигенција и популарноста на четботот ChatGPT, исто така, предизвикаа бројни реакции – од тоа како вештачката интелигенција ќе ги преземе сите наши работни места, до забавни, како онаа за која пишуваме сега.

Двајца пријатели, Крег Шервин и Стив Нас, кои се вработени во маркетинг агенција во Њујорк, дошле на идеја да го создадат „најглупавиот чет-бот на светот“.

„Што ако создадеме систем со вештачка интелигенција толку глупав што никој не се плаши од него?“, се запрашаа, па се фатија за работа и ја создадоа првата „вештачка неинтелигенција“ во светот.

Намерно глупав chatbot

Тие го користеа системот GPT-3 на OpenAI и неговиот пристап до API за да помогнат, и го обучуваа на најглупавите текстови што можеа да ги замислат. Меѓу нив имаше дијалози од холивудските „ѓубре“ комедии, но и реченици на ликови од серии како Office или Friends, сцени од Zoolander и слично. Неизбежно се вклучени и текстовите на говорите на одредени политичари или крајно бедните дискусии од популарните интернет форуми.

Резултатот од сето ова е chatbot 2dumb2destroy, достапен овде. Како и сите други слични системи, и овој можете да го прашате на природен (англиски) јазик што ви паѓа на ум, и најверојатно ќе се насмеете на одговорот и ќе продолжите понатаму.

Со овој систем, велат неговите автори, сигурно нема да мора да се грижите дали ќе ви ја одземе работата, ќе го заземе светот или ќе го уништи општеството какво што го знаеме.