Куќните проектори се добра опција за оние кои сакаат да го доживеат искуството на големиот екран, но немаат доволно пари за големи телевизори. Секако и проекторите можат да бидат скапи, а моделите со солиден 4K HDR квалитет имаат цена од околу 1500 долари.

Поради тоа, LG одлучи преку својот најнов модел од CineBeam линијата проектори да ја пополни празнината на пазарот. Моделот PH30N со цена од 400 долари е еден од најдостапните на пазарот.

Секако, по оваа цена не се добива врвен квалитет на слика, но PH30N и натаму нуди 1280 x 720 HD резолуција во големина до 100 инчи, со осветлување од 250 ANSI лумен. Покрај ова, LG CineBeam PH30N е и исклучително пренослив.

Проекторот нуди опција за безжично прикажување на содржината од телефонмот, има вградена батерија која трае до два часа и Bluetooth звук. LG истакнува дека ламбата на проекторот ќе трае до 30.000 часа.