Иако Honor официјално се оддели од Huawei, големиот број производи што беа развиени додека двете компании беа заедно беа во напредна фаза, така што немаше време да се промени нивниот дизајн или спецификации. Новиот уред наречен „Honor V40 Light Luxury Edition“, се појави на интернет и има заден дел кој изгледа исто како и Huawei Nova 8 серијата.

Се очекува дека смартфонот ќе се појави на пазарот како Honor V40 Lite и изгледа прекрасно на фотографиите. Сино-зелената боја, со ефект на огледало, се поигрува со светлото на интересен начин, додека белата опција има мат стакло во врвот, што и дава бисерен градиент.

Благодарение на фотографиите, може да се претпостави дека Honor V40 Lite ќе има OLED панел, со сензор за отпечатоци сместен под екранот.

Не е познато дали закривениот 2.5D панел ќе имплементира една или две камери. Ако има еден сензор, во прашање е ребрендиран Nova 8, а доколку има два, тогаш Honor V40 Lite ќе биде ребрендиран Nova 8 Pro.