Lenovo паралелно со објавата на AMD Ryzen PRO 4000 процесорите, ги најави ThinkPad E14 и E15 лаптопите. Интересно дека лаптопите пристигнуваат со Ryzen 7 4700U осмојадрен процесор, креиран во 7nm Zen 2 процес, но не ја вклучуваат новата PRO 4000 серија.

Lenovi направи некои измени на дизајнот на ThinkPad линијата, која сега нуди 85% screen-to-body однос. Новите лаптопи прв пат имаат и сензор за отпечатоци од прсти и IR камера. Како и секогаш кога се во прашање ThinkPad моделите, сертификувани се со MIL-STD-810G тестовите на издржливост.

Lenovo ги објави и цените и достапноста за своите ThinkPad T14, T14s, X13, L14 и L15 модели, кои беа објавени во февруари. Овие модели се очекуваат во јуни, но пристигнуваат со новите AMD Ryzen PRO 4000 процесори

ThinkPad E14 и E15 имаат почетни цени од 639 долари, T14 почнува од 849 долари, T14s од 1029 долари, X13 има цена од 849, додека моделите L14 и L15 чинат 649 долари за најслабите варијанти.