Индустријата за игри напредува и се развива, а нови игри излегуваат секоја недела. За жал, во таква ситуација голем број постари наслови остануваат запоставени, поради промените во технологијата и немањето поддршка.

За среќа, Sony одлучи да се активира на ова поле, па компанијата создаде нов тим фокусиран на зачувување на наследството од постарите игри.

Развивачот на игри Герет Фредли неодамна објави на Твитер дека го започнал својот прв ден на нова работа во тимот на PlayStation, работејќи како дел од новоформираниот тим на Preservation.

Sony се уште официјално не го коментирал формирањето на овој тим, но Фредли истакнува дека зачувувањето на игрите му е една од првите страсти кога е во прашање неговата кариера и дека е многу среќен што се вратил на тие корени.

Зачувувањето на игрите е исклучително важна одговорност, бидејќи овозможува историјата на индустријата за игри и сите игри да бидат достапни на одреден начин.

Сè уште не е познато кои се намерите на Sony кога станува збор за новиот тим, но знаеме дека производителот на конзолата планира наскоро да го редизајнира својот PlayStation Plus сервис преку оригинални и легендарни постари игри.