Xiaomi на 11. Јуни ќе го претстави својот Mi Notebook во Индија. Пред презентацијата, компанијата објави тизери со кои ги навестува функциите на лкаптопот. Најновиот меѓу нив го открива работниот век на батеријата на уредот.

Се сугерира дека Mi Notebook ќе има батерија која трае до 12 часа со едно полнење. Функцијата е откриена преку кратко видео на Twitter.

Исто така, се споменува дека Mi Notebook ќе нуди „епски“ работен век на батеријата. Сепак, знаеме дека компаниите како што се Dell и Apple нудат сличен работен век на батеријата на своите лаптопи, така што цената на Mi Notebook моделот ќе биде главната одлика која овој модел ќе го издвојува од конкуренцијата.