Оваа година, најголем број од настаните се одложени или откажани, како последица на пандемијата на коронавирусот. Сега се огласи тимот кој стои зад Consumer Electronics Show (CES) манифестацијата, кој е оптимистичен дека настанот ќе биде одржан на почетокот на следната година.

Во текот на оваа недела, CES е најавен за јануари, 2021. година, со планови да се одржи во Лас Вегас. Наместо одложување или откажување на настанот, ќе бидат преземени нови мерки кога е во прашање здравјето и сигурноста на изложувачите и посетителите.

Организацискиот тим на CES 2021 најави проширена дигитална поддршка, со поголем број livestream настани и дигитални можности, што значи дека ќе постои и резервен план за оние компании кои сакаат да бидат внимателни, а се во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата со Ковид-19 кон крајот на оваа година.