Компанијата HP ја претстави најновата верзија на лаптопот Omen 15, кој е наменет за гејмерите, а кој чини 999 долари.

Omen 15 има убав дизајн, сино лого во облик на дијамант, потенок е за 11 проценти од претходникот, бидејќи неговата дебелина изнесува 22,5 милиметри. Неговиот 15,6-инчен дисплеј е прицврстен со нова шарка од 180 степени.

Новиот дизајн би требало да го позиционира Omen како мултифункционален PC и да ги задоволи купувачите кои сакаат лаптоп за сурфање на интернет и за играње на игри. Новиот модел изгледа поедноставно и пософистицирано од другите Omen модели, а естетски повеќе ќе одговара на уредите.

Кога се работи за спецификациите, може да се добие со Nvidia GeForce RTX 2070 Super Max-Q графика и Intel Core i7 H процесор или со AMD Ryzen 7 H-серијата процесори. Ова е прв Omen кој е достапен со AMD процесор и прв кој е достапен во две опции кога станува збор за боите. Верзијата со процесорот на Intel е црна, додека AMD верзијата е во сребрена боја. Во конфигурацијата има 32GB RAM (DDR4) и до 1 TB PCIe SSD меморија или два PCIe SSD диска со RAID 0 поддршка.

Купувачите можат да изберат OLED панел, UHD 120 Hz панел или FHD 300 Hz панел.

HP го претстави и Pavilion Gaming 16, својот прв 16-инчен гејминг PC. Од HP истакнаа дека куќиштето е еднакво на големината на 15-инчен лаптоп благодарение на тенките рамки. Овој лаптоп има Intel Core i7 процесор од десеттата генерација, како и Nvidia GeForce RTX 2060 Max-Q графика. Цената на овој модел изнесува 799 долари.