MediaTek одржа состанок со инвеститорите, во текот на кој компанијата објави некои од плановите кои ги има до крајот на оваа година.

Една од главните информации се однесува на следниот премиум 5G чипсет, кој ќе биде заснован на 4nm производен процес на компанијата TSMC и ќе се најде во проивзодство во текот на оваа гофдина. Првите смартфони што ќе го користат новиот чипсет ќе се појават најрано во првото тримесечје на 2022. година.

Овие информации ги објави аналитичарот на компанијата IDC, а според неговите предвидувања, чипсетот ќе биде достапен за телефоните со цена над 600 долари.

Моментно најмоќнипот чисет е Dimensity 1200, креиран во 6nm EUV процес на компанијата TSMC. Производителите на телефони овој чипсет го користат како поевтина алтернатива за Snapdragon 888, креиран во 5nm процес на Samsung.

Се очекува дека следниот премиум чипсет на Qualcomm ќе биде заснован на 4nm процес, што значи дека двете компании ќе се натпреваруваат во тоа на пазарот да го испорачаат првиот 4nm чипсет за телефони.