Google требаше да го одржи Android 11 бета настанот во текот на оваа недела, но презентацијата беше откажана во последен момент. Меѓутоа, изгледа дека на некои Pixel теелфони, првата Android 11 бета верзија е случајно испорачана.

Во споредба со Developer Preview build-овите, кои досега се појавуваа, првата бета за Android 11 укажува на голем број измени и подобрувања. Еве некои промени кои се забележани:

Нови облици за изглед на иконите – Android 11 бета ќе има три различни облици за икони, кои изгледаат малку необично.

  • Тука е новата „Wi-Fi enhanced Mac Randomization“ опција во скриеното Developer Options мени.
  • Бета верзијата открива и ново Power мени, кое ги прикажува контролите на уредите, како и cards and passes оцпијата
  • Новата опција за сугестии на контрола на апликациите се наоѓа во Pixel лаунчерот. Можно е блокирање на сугестиите за одредени апликации.

Се очекува дека во следниот период би можеше да бидат откриени уште измени кои ги имплементира Android 11 бета. Google би требало да ја почне Android 11 бета програмата, откако ќе биде одржан претходно одложениот настан.