Acer ја прошири понудата на својата Nitro XV2 серија монитори наменети за гејминг корисници со неколку нови модели, од кои секако најголемо внимание привлекува Nitro XV252QF. Се работи за гејмерска „дваесетичетворка“ што во превод значи 24,5-инчи со IPS панел и неверојатно брз одзив. Користи AUO AHVA екран кој стандардно работи на 360 Hz, но за оваа прилика дополнително е овеклокуван на 390Hz.

Брзината на одзив изнесува 0.5ms (GtG), додека максималното осветлување е 400 нита. Мониторот поддржува Free Sync Premium технологија и нуди статички контраст во вредност 10.000:1. Прикажува 1920х1080 пиксели и има сталак што дозволиува прилагодување на екранот по височина. Вградени се и 2x2W звучници. Меѓутоа, мониторот има само еден DisplayPort конектор, а според непотврдени информации, препорачаната цена изнесува околу 700 евра.