Во споредба со најновите iPad Air и iPad Pro модели, iPad mini делува застарено и Apple е свесен за тоа. Досега  веќе неколку пати слушнавме дека се подготвува редизајн за мини моделот, а сега нов извештај укажува дека тоа ќе се случи и ни покажува како ќе изгледа новиот iPad mini.

Потребно е да се истакне дека ова не се официјални промо рендери, туку се работи за реконструкација на изгледот заснована на различни скици, CAD фајлови, фотографии на уредите од рака и други извори.

Како што е можно да се види, iPad mini во голема мерка потсетува iPad Air – поточно изгледа како намалена верзија на Air.

Копчето за вклучување конечно е отстрането, овозможувајќи потенки рамки. И покрај тоа што ќе биде за 3 мм помал по должина и ширина, ќе може да имплементира поголем екран. Димензиите на таблетот се 206,3 x 137,8 x 6,1 милиметри.

Сензорот за отпечатоци од прсти е вграден во издолженото копче за вклучување, додека звучниците се „драматично подобрени“, според наводите. Lightning конекторот е отфрлен, а тука сега е USB-C портот. Извори велат дека новиот iPad mini ќе биде достапен во црна, златна и сребрена верзија.