Научниците исто така веруваат дека нивниот нов пристап може да помогне во рециклирање на широк спектар на пластика и други полимери

Постои еден вид пластика наречена термосет (термоактивен полимер), а се наоѓа во производи кои мора да бидат издржливи и отпорни на топлина. Иако одлично функционира кога се користи, создава многу загадување кога ќе се отфрли бидејќи не може лесно да се рециклира или уништи.

Хемичарите од MIT (Massachusetts Institute of Technology) пронашле начин да ја променат термосет пластиката за полесно да се разложи, но сепак да ги задржи својствата што ја прават практична во секојдневната употреба.

Истражувачите откриле дека еднаш откако ќе произведат нова верзија на термосет пластика, таа ќе може да се разгради во прав кој ќе се користи за создавање на нова пластика. Во пракса тоа би значело рециклирање на старите автомобилски гуми за производство на нови.

Се започнало со еден труд објавен минатата година. Во него, Џонсон и неговиот тим истражувале метода за создавање на разградливи полимери со вклучување градежен блок или мономер кој содржи хемиско соединение силитен етер. Во нивниот нов труд, истражувачите откриле дека ако силитниот етер мономер сочинува помеѓу 7,5 и 10% од термосет пластиката, наречена pDCPD, пластиката ќе ја задржи својата механичка цврстина, но ќе може да се распаѓа во прав користејќи флуоридни јони.

Во вториот дел од нивната работа, истражувачите се занимавале со правот формиран од разградливиот pDCPD. Откриле дека новата пластика која ја формираат од прав има на некој начин дури и подобри механички својства во однос на оригиналниот материјал. Научниците исто така веруваат дека нивниот нов пристап може да помогне во рециклирање на широк спектар на пластика и други полимери.

Повеќето од старите гуми се рециклираат, но овој процес може да се направи уште поефикасен.

Извор: Додај Гас