Јапонскиот производител на автомобили „Нисан” планира повторно да го активира производството во своите американски фабрики, почнувајќи од 1 јуни.

„Нисан” повторно ги отвора погоните за монтажа на возила во Кантон, Мисисипи, и постројките за погонски агрегат во Тенеси, а потоа на 8 јуни и погонот за монтажа на возила, Смирна.

Поголемиот дел од американската автомобилска индустрија почна повторно со работа по затворањето во март поради новиот коронавирус, но со ограничени капацитети.