Google за неколку дена ќе ја објави првата јавна бета за Android 11 верзијата на оперативниот систем, но и натаму постојат голем број телефони кои се уште го немаат Android 10. Сепак, два модела сега ја добија Android 10 надградбата, а Huawei почнува со испорака на EMUI 10 интерфејсот на P20 Pro и Mate 10.

Huawei Mate 10 е објавен уште во ноември 2017. година, така што е убаво да се види дека не е заборавен од кинеската компанија.

Ажурирањето на Huawei P20 Pro пристигнува over-the-air како EMUI 10.0.0.161, додека Mate 10 ја добива EMUI 10.0.0.158 верзијата. Како и секогаш, ажурирањето се испорачува во сегменти и нема да им биде достапно веднаш на сите, но веќе се појавуваат извештаи од Европа и Азија дека корисниците почнале да го добиваат.