Голем систем на батерии, кој служи за спречување на пореметувања и недостатоци при снабдувањето со струја, како и за стабилизација на електроенергетскиот систем, пуштен е во употреба оваа недела во белгиското гратче Терхилс.

Системот се состои од 140 Powerpack батерии кои ги произведе компанијата Tesla, а чија заедничка сила изнесува 18,2 мегавати.

Нивна основна задача е да складираат електрична енергија кога производството е преголемо, како и истата да ја пуштаат во мрежа кога производството ќе опадне.

Системот на батерии би требало да реагира на промени на фреквенциите на електрична енергија во многу краток рок, и тоа до 100 пати побрзо од класичните системи кои произведуваат енергија од фосилните горива.

Компанијата Tesla по повод инсталацијата на овој систем, објави две видеа кои го претставуваат овој проект, од кои втората снимка го прикажува и самиот процес на поставување на системот на батерии.

Извор: B92.net