Животното за кое што се веруваше дека е изумрено, снимено е во националниот парк на северо-истокот од кинеската провинција Џилин.

Снимката на која што може да ја видиме ретката бела срна, настанала на 5-ти април во текот на набљудувањето на паркот, а експертите подоцна утврдиле дека станува збор за албино примерок од овој вид животно.

Фенг Лимин, заменик директорот на центарот за истражување на сибирски тигри и амурски леопарди, изјавил дека срната со вообичаена жолтеникава боја е честа, но оние со бела боја на кожа се многу ретки и се како последица на генетското пореметување – албинизам.

Белата срна е екстремно ретко животно за кое што многумина мислеле дека изумрело по Втората светска војна. Последен пат ваков вид срна, забележан бил во 1981-та година, а истиот се смета за едно од најзагрозените животински видови на планетата.

Луѓето, илјадници години наназад биле опседнати со ова животно, особено во Азија, каде што има речиси митолошко значење.

Белата срна, а исто така и белиот елен се предмет на суеверие, па така се верува дека доколку некој ловец го усмрти тоа животно, во иднина ќе се соочи со големи несреќи.

Извор: Srbija Danas