Motorola на 23. февруари ќе одржи настан, на кој ќе ги претстави Moto G8, Moto G8 Power и Moto Edge+. Покрај овие модели, се очекува и претставување на Moto G Stylus телефонот, за кој сега се појавија спецификации.

Moto G Stylus, кој претставува Moto G8 Power варијанта и ја носи ознаката на модел XT2043-4, ќе го покренува Snapdragon 665 чипсет. Од старт ќе користи 4GB RAM и ќе има има две опции за складирање на податоци: 64GB и 128GB.

Телефонот со поддршка за пенкало ќе има 6.36-инчен FHD+ дисплеј, кој во горниот лев агол на екранот ќе има punch-hole отвор за селфи камера.

Кога се камерите во прашање, Moto G Stylus од предната страна ќе има 25MP селфи сензор и три камери на задната страна. Системот на задниот дел ќе го сочинуваат 48MP главна камера, 16MP ултраширока и 2MP макромодул.

Исто така, на задната страна ќе се наоѓа и сензор за отпечаток од прст. Телефонот ќе го напојува 4000mAh батерија со поддршка за 10W полнење. Тука е и поддршката за две SIM картички и NFC во зависност од регионот.