Платформата Netflix почна да го враќа нормалниот квалитет на стриминг во некои европски земји, откако Владите претходно побараа намалување на оптоварувањето на интернетот во текот на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирусот.

Корисниците на Neflix во Данска, Норвешка, Германија и другите држави почнаа да забележуваат подобрување на квалитетот на стримингот, а Netflix потврду дека соработува со провајдерите на подобрување на квалитетот на стримингот.

Откако Европската унија побара од Netflix намалување на квалитетот на стримингот, компанијата се согласи тоа да го направи во период од 30 дена, за да се намали сообраќајот на Netflix на европските мрежи за околу 25 проценти.

Netflix веќе одамна има прилагодлив стриминг алат кој овозможува автоматско прилагодување на квалитетот на стриминг на видеото врз основа на достапните мрежи.

Останатите стриминг сервиси веројатно ќе го следат примерот на Netflix.