Еден од најголемите случаи на онлајн кражба е откриен откако хакерската група ShinyHunters понуди на продажба податоци на 73,2 милиони корисници кои се украдени од различни сајтови. Повеќе од 30 милиони податоци се откриени од апликацијата за пронаоѓање на партнери, Zoosk, 15 милиони од принтинг сервисот Chatbooks, додека остатокот доаѓа од различни сајтови.

Иако не може да се потврди да се потврди легитимитетот на целата база, утврдено е дека некои примери, кои протекоа во јавноста, одговараат на реалната состојба. Независните истражувачи исто така тврдат дека ShinyHunters групата е автентична.

Иако во прашање се огромен број украдени податоци, изгледа дека тоа е само дел од уште поголема кампања. Истата група тврди дека украла повеќе од 500 GB податоци од приватниот GitHub репозиториум, како и дека на почетокот на мај упаднала во индонезиската онлајн продавница Tokopedia online prodavnicu. Што се однесува до GitHub, изгледа дека таму не пронашле никакви интересни податоци за продажва, но ShinyHunters веќе ја стави базата од Tokopedia на продажба по цена од 5.000 долари.