Американската вселенска агенција NASA одреди нов датум за обид за лансирање на мисијата Artemis 1, а тоа е 14 ноември.

NASA ќе се обиде да ја лансира својата ракета SLS и вселенското летало Orion на патување без екипаж околу Месечината. Прозорецот за лансирање ќе биде отворен 69 минути, а доколку NASA мора да се откаже од лансирањето, има и два „резервни“ прозорци, едниот на 16-ти, а другиот на 19-ти ноември.

Првиот обид за лансирање на 29 август не успеа поради проблеми со моторот, а потоа неколку дена подоцна лансирањето беше оневозможено поради истекување на гориво. NASA немаше среќа ниту во следниот прозорец на крајот на септември и ги врати SLS и Orion во нивниот објект заради безбедност поради ураганот Иан.

Позитивната страна е тоа што на NASA сега и треба многу малку време да ги подготви SLS и Orion пред да ги пренесе назад до лансирната рампа. Инженерите ќе ги поправат малите оштетувања на системот за термичка заштита, а исто така треба да ги наполнат или заменат батериите на ракетата и системот за завршување на летот.

Ако се оди според планот, SLS и Orion ќе бидат на лансирната рампа веќе на 4 ноември.

Мисијата Artemis 1 е дел од програмата Artemis чија крајна цел е враќање на луѓето на Месечината. За време на првата мисија SLS и Orion ќе направат патување околу Месечината, втората мисија ќе биде изведена со екипаж, а третата е планирано приземјување луѓе на површината на Месечината.